Фудбалерот на Манчестер Сити кој игра како позајмен во Барселона, Жоао Кансело се најде во центарот на мини-скандал откако не сакал да се фотографира со фанови пред стадионот.
Кансело е снимен како им зборува дека се досадни, но сепак некако успеаа да се фотографираат со него. Кансело поради тоа доби сериозни критики, но на Инстаграм ја објасни неговата страна на приказната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Поради глупостите кои ги пишувате во коментари, мораме да ви кажам некои работи. Пред се, ова не се навивачи, тоа се 20-годишни деца кои секој ден се пред вратите на тренинг-центарот или во паркот кога сум со ќерката или кога вечервам со девојката. Тие бараат автограм и ги продаваат потоа, тоа се повторува од ден во ден, тоа се луѓе кои не го почитуваат просторот на другите, не се вистински навивачи“, објасни Кансело.
Поради „ловците на автограми“ неодамна бесен беше и Јирген Клоп, а поради нив непријатна ситуација доживеа и Мејсон Маунт од Манчестер Јунајтед.