
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го заврши својата настап на ИТФ турнирот во Марибор во полуфиналната фаза.
Ѓорческа беше поразена од втората носителка на турнирот, хрватската тенисерка Антонија Ружиќ, со убедлив резултат од 0-2 во сетови (3-6, 2-6).
Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Хрватката Ружиќ повторно се покажа како незгодна противничка за македонската тенисерка, бидејќи ова е веќе трет пораз по ред за Ѓорческа во нивните меѓусебни пресметки.
Коментари