Дома Останати Тенис Ѓорческа е во одлична форма: Во Марибор ќе игра и полуфинале!

Ѓорческа е во одлична форма: Во Марибор ќе игра и полуфинале!

Maкедонската најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа со 2:0 во сетови ја совлада Грузијката Мариам Болквадѕе и така обезбеди место помеѓу најдобрите четири на турнирот во од В75 серијата во Марибор.

Откако вчера ја елиминираше Французинката Џесика Покет која беше четврта носителка и многу подобро рангирана од Ѓорческа, денес македонската претставничка влезе како фаворит против Грузијката.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Првиот сет Ѓорческа го доби со 7:5, додека во вториот заигра уште подобро и го освои со 6:3 за конечни 2:0.

За место во финалето Ѓорческа ќе се бори против победничката од средбата помеѓу Јуван од Словенија и Ружиќ од Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ беше погоден во глава во Мајами (Видео)

Новак Ѓоковиќ доживеа непријатна ситуација во Мајами, но за среќа без посериозни последици…