Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, се појави синоќа на големото кошаркарско дерби меѓу Партизан и Црвена Ѕвезда во белградската Арена.
Од одамна е познато дека Ѓоковиќ е голем навивач на Звезда, а синоќа внимание привлече со дуксерот во кој се појави на натпреварот, за кој вели дека е најголемото кошаркарско дерби во светот.
Каков луд викенд: Интер - Милан и Манчестер Сити - Арсенал ↓↓↓
„Студентите се шампиони“, пишуваше на дуксерот на англиски јазик, а пораката е јасна поради историските протести на студентите во Србија во изминатите недели.
Во изјава за Спорт Клуб, Ѓоковиќ зборуваше за дербито, а накратко ја коментираше и својата порака на дуксерот.
Прво зборуваше за својата изјава дека дуелот меѓу Партизан и Ѕвезда е најголемото дерби во светот, кога станува збор за кошарката.
„Дербито го оправда тоа. Епитетот најголемо дерби во светот. Страшно голема тензија и нервоза кај играчите. Ништо помалку не очекував. Веројатно на сите ќе им биде потешко да заспијат вечерва. Честитки до сите“, кажа Ѓоковиќ за Спорт Клуб.
Потоа, новинарката на Спорт Клуб констатира дека Ѓоковиќ има „многу добар дуксер“, и го праша да ја појасни пораката за оние кои не разбираат англиски јазик.
„Знаат, знаат. Многу добро“, накратко одговори со насмевка Ѓоковиќ.
Да потсетиме, во синоќешното дерби, Звезда како гостин го победи Партизан со 73:71.