Дома Останати Тенис Ѓоковиќ се предаде: Не можев да продолжам, повредата беше посилна од мене!

Ѓоковиќ се предаде: Не можев да продолжам, повредата беше посилна од мене!

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ поради повреда го предаде полуфиналниот меч против Александер Зверев на Австралијан опен.

Повредата која ја заработи уште за време на натпреварот против Карлос Алкараз се покажа како клучна. Иако тогаш успеа да го продолжи мечот и да триумфира, денеска ситуацијата беше поинаква и Ѓоковиќ беше принуден да го прекине својот настап.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Од мечот со Алкараз не сум држел тениски рекет до еден час пред денешниот дуел. Направив сè што можев за да ја санирам повредата на мускулот – лекови, протези, физикална терапија. Тоа малку помогна, но при крајот на првиот сет болките беа сè поинтензивни и едноставно немав сила да продолжам. Се обидов, но повредата беше посилна од мене“, изјави Ѓоковиќ по мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Федерер во пензија заработи 2,24 милијарди евра: Никој не знаел што прави додека игра тенис, а сега му се враќа назад

За време на играчката кариера, Роџер Федерер дел од заработените пари ги вложи во компаниј…