Дома Останати Тенис Ѓоковиќ не бил единствен, но Мареј бил принуден да ја прифати понудата од Србинот!

Ѓоковиќ не бил единствен, но Мареј бил принуден да ја прифати понудата од Србинот!

Енди Мари го прифати повикот на Новак Ѓоковиќ да му биде тренер до крајот на Австралија Опен, а сега се зборува сè повеќе за тоа што се случувало во периодот на преговори.

„Слушнав дека многу врвни асови, и тенисери и тенисерки, во последните четири месеци го повикале Мари да им биде тренер“, започна Родик во своjот подкаст.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Набрзо Џон Вертхајм, кој практично е еден од водителите на подкастот, изнесе интересна информација зад сцената.

„Новак не бил првиот што го повикал Енди, но кога неговото семејство слушнало за оваа понуда, му рекле ‘ако не го прифатиш повикот, ќе зажалиш‘“, наводно му рекле, тврди Вертхајм.

Родик зборуваше за големото влијание на „Големата тројка“, коjа заедно со Ѓоковиќ ја сочинуваа уште и Рафаел Надал и Роже Федерер.

„Надал имаше големо влијание во тоа. Федерер стана подобар благодарение на него, Ѓоковиќ не би бил толку добар да не беше Рафа. Да не мораше да игра против Надал, немаше да ја видиме најдобрата верзија на Новак.“

Тој не штедеше ни комплименти за Јаник Синер.

„Федерер беше првиот тенисер што немаше слабости во играта, потоа дојде Надал, па Ѓоковиќ. Сега мислам дека и Синер е таков, едноставно не можеш да најдеш начин да го победиш. Освен ако не си Карлос Алкараз.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал само што ја заврши кариерата настапи на турнир во друг спорт

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал веќе ја заврши кариерата во тенисот, а последнито настап г…