Минатата година Рeaл Мадрид од Фенербахче за 20 милиони евра го доведе играчот за врска Арда Ѓулер (19). Турскиот талент досега го мачеа повреди поради кои одигра малку натпревари.
Тренерот Карло Анчелоти изјави дека нема да го испрати на позајмица следната сезона, а фудбалерот му се оддолжи со единствениот гол во победата на Реал над Реал Сосиедад (1:0) во 33.коло од Ла Лига.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако пристигна во мадридскиот клуб, шпанските медиуми го гледаат како наследник на Лука Модриќ, соиграч кој е двојно постар од него, чиј договор истекува на крајот на сезоната и не е сигурно дали ќе остане.
Токму затоа за јавноста е интереен и односот помеѓу двајцата фудбалери. Хрватот турскиот фудбалер го нарекува „помал брат“. Освен тоа во гостувањето на една шпанска емисија откри и дека во соблекувалната има прекар „Аби“ што во превод на турски значи брат.
“Şampiyonlar Ligi’ni kazanan ilk Türk futbolcu olmak istiyorum!” 🏆
— KAFA Sports (@sportskafa) April 28, 2024
Arda Güler’in ilk röportajı 𝐘𝐀𝐑𝐈𝐍 KAFA Sports’da 🚀
📺 https://t.co/FZtHqZVjYt pic.twitter.com/2kSgVB2KOt