Дома Македонски спорт Ѓорческа го подобри својот ранг во сингл и во двојки

Ѓорческа го подобри својот ранг во сингл и во двојки

На најновата ВТА ранг листа македонската тенисерка Лина Ѓорческа има подобар ранг за седум позиции и сега се наоѓа на 248.то место со 290 поени или седум повеќе од претходната недела.

Покрај Лина пласман во поединечна конкуренција има и Магдалена Стоилковска која се наоѓа на 1565.то место со 4 поени и има пад од две места.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Во конкуренција на двојки Ѓорческа по триумфот на турнирот во Хешинген се наоѓа на 282.то место со 285 поени или има скок од 84 места.

Втората наша тенисерка со ранг е Александра Симева која се наоѓа на 1428.то место (пад за девет места) со 8 поени.

Ѓорческа оваа недела ќе настапува на фјучрс турнир во Осиек каде е рангирана како прва носителка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ИХФ ги одреди термините во кои ќе игра Македонија на Светското првенство

Светското ракометно првенство кое следи во машка конкуренција ќе се игра во Хрватска, Норв…