Дома Останати Тенис Ѓоковиќ со порака до Надал: Не е ни чудо што и на двајцата ни е потребна рехабилитација (Видео)

Ѓоковиќ со порака до Надал: Не е ни чудо што и на двајцата ни е потребна рехабилитација (Видео)

Новак Ѓоковиќ преку социјалните мрежи испрати порака до својот голем ривал на теренот, Рафаел Надал.

Новак и Рафа во последно време поминуваат низ бројни проблеми со повредите, тоа се покажа и на Австралија Опен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ѓоковиќ беше поразен од Кореецот, Чунг, а по овој пораз Србинот го оперираше лактот и сега го чека пауза од најверојатно шест месеци.

Со оглед дека сега и Надал е повреден, Ноле на друштвените мрежи потсети на нивниот гладиаторски дуел во финалето на Австралија Опен 2012 година кога Новак славеше со 3:2 (5:7, 6:4, 6:2, 6:7, 7:5).

Тогаш и едниот и другиот на свеченото доделување на пехарот едвај стоеа на нозе.

„Не е ни чудо што на нас двајца сега ни е потребна рехабилитација“, порача заедно со видео снимка од споменатата церемонија.

No wonder we need rehab now ?? @rafaelnadal ? @espn

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…