Дома Останати Тенис Ѓоковиќ се потсети на траумите во Австралија: Кога дојдов ми се преврти желудникот

Ѓоковиќ се потсети на траумите во Австралија: Кога дојдов ми се преврти желудникот

Утре наутро Новак Ѓоковиќ ќе го започне настапот на првиот грен-слем турнир оваа сезона, а при пристигнувањето во Австралија Ѓоковиќ откри дека се потсетил на траумите низ кој поминуваше пред две години во оваа земја.

Српскиот тенисер доминираше на Австралија Опен и го освои овој турнир дури 10 пати во кариерата. Но, се сеќава и на епизодата кога во времето на ковид пандемијата не му беше дозволено да настапи иако веќе пристигна.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ѓоковиќ бидејќи не беше вакциниран беше сместен во имиграциски хотел, а на крајот и протеран од земјата.

„Кога се вратив во Мелбурн дојдов на терминалот каде што бев пред две години. Го видов цел тој пат кој го поминав во имиграцискиот дел. Дури го препознав и човекот кој беше таму, навистина лошо се чувствував, ми се преврте желудникот. Се уште не сум отишол до тој хотел, ќе размислам дали ќе го посетам,

Не се работи за страв, можеби ќе отидам. Не знам дали некој се уште е таму. Имаше човек што е девет години во тој хотел, но сега живее во Минесота. Почувствував некаквап поврзаност со него. Разбирам дека најголем дел се пуштено, ако нешто излезе позитивно од цела таа ситуација е дека привлеков големо медиумско внимание“, изјави Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Далас објави: Познато кога се враќа Дончиќ на терените

Пред два дена екипата на Далас објавив дека Лука Дончиќ ќе биде надвор од терените на неод…