Дома Останати Тенис Ѓоковиќ само победа го дели да го симне Алкараз од тронот!

Ѓоковиќ само победа го дели да го симне Алкараз од тронот!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и оваа недела во која почнува УС Опен се наоѓа на втората позиција на АТП листата со 9.795 бодови, но ситуацијата набрзо би можела да се промени.

Пред почетокот на УС Опен, првопласираниот Шпанец, Карлос Алкараз има 9.815 бодови, само 20 повеќе од Новак. Минатата година Ѓоковиќ не играше на УС Опен, а Шпанецот ја брани титулата, а со тоа и 2.000 бодови па се е јасно.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ѓоковиќ ќе се врати на првото место ако победи во првото коло на УС Опен, што не би требало да биде проблем против Французинот Милер.

Трет на листата овој понеделник е Русинот Данил Медведев, a потоа следи Данецот Холгер Руне, па Норвежанецот Каспер Руд, Италијанецот, Јаник Синер, Гркот Стефанос Циципас, Русинот Андреј Рубљов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…