Дома Останати Тенис Ѓоковиќ повторно се огласи и испрати порака до Модриќ и друштво

Ѓоковиќ повторно се огласи и испрати порака до Модриќ и друштво

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ предизвика различни коментари со изјавата пред неколку дена дека навива за Хрватска на СП во Русија.

Ѓоковиќ тогаш изјави дека ќе навива за Хрватите, дека се надева дека ќе го освојат Мундијалот, а неговата изјава ја осудија медиумите во Србија. Меѓутоа, откако им одржа лекција после тоа, актуелниот Вимболдон шампион уште еднаш се огласи и испрати порака до Модриќ и друштво.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Им честитам на Лука Модриќ и целата хрватска репрезентација на неверојатниот успех. Убаво е да се види мала земја од нашиот регион да успее на еден голем настан како што е СП.“ – порача Новак.

Српскиот тенисер е во добри односи со неколку хрватски играчи, а исто така тие му дадоа поддршка пред финалето на Вимболдон во кое на крајот Ноле успеа да победи и по четврти пат во својата кариера да го освои овој Гренд Слем турнир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…