Дома Останати Тенис Ѓоковиќ направи нешто што ќе се памети – ова не му успеало на никој друг!

Ѓоковиќ направи нешто што ќе се памети – ова не му успеало на никој друг!

Новак Ѓоковиќ се подготвува за крајот на сезоната која е одлична за него. Успеа да направи нешто што до сега не го направил во кариерата.

Имено, најдобриот светски тенисер во оваа натпреварувачка година не загуби ниту еден меч во Австралија и САД (неговиот рекорд е 24-0). Ноле ги освои Аделаида и „Австралија опен“, како и Синсинати и „УС Опен“. Ѓоковиќ за првпат во кариерата стигна до ова достигнување.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сето тоа го направи откако минатата година беше депортиран и понижен во Австралија. Покажа сила, одлучност и храброст и јасно стави до знаење дека сè уште е гладен и желен за трофеи од најголемите турнири.

Вреди да се истакне дека покрај двата споменати грен слема, тој го освои и „Ролан Гарос“, додека играше и во финалето на „Вимблдон“ каде беше поразен од Карлос Алкараз.

За потсетување, првиот светски рекет ќе игра на три турнири до крајот на оваа сезона: Мастерсот во Париз (30 октомври – 5 ноември), Завршниот Мастерс во Торино (12-19 ноември) и Дејвис купот со репрезентацијата на Србија (21-26 ноември).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…