Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Знам дека сите од мене очекуваат злато во Токио

Ѓоковиќ: Знам дека сите од мене очекуваат злато во Токио

Новак Ѓоковиќ е свесен дека во неговата Србија сите очекуваат да го освои златото на Олимписките игри, но тој знае како да се избори со притисокот.

Ѓоковиќ во Токио отпатува како прв рекет во светот и актуелен шампион на Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон.

„Знам дека сите очекуваат од мене да освојам златен медал во Токио. Нормално дека тоа го посакувам и јас не е тајна. Со години се учев да се изборам со притисокот и ќе го употребам тој рецепет“, изјави Ѓоковиќ на конференцијата за медиуми за српскиот олимписки тим.

Во првото коло Ѓоковиќ е игра против тенисерот од Боливија Уго Делиен кој е 139. На АТП листата.

„Одам ден по ден, фокусиран сум на следниот ривал. Не знам многу за него, но кога имаше противник послабо рангиран од тебе, тогаш тие вообичаено немаат што да изгубат. Тие први мечеви знаат да бидат незгодни. Се надевам дека ќе го отворам турнирот на најдобар начин, јас сум човек кој како што одминува еден турнир се чувствува се подобро и подобро“, порача Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ по четврти пат ќе игра на Олимписките игри, а зад себе има бронза од Пекинг во 2008 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

За првпат по откажувањето на Ѓоковиќ се огласи Нина Стојановиќ: Само јас знам како се чувствував

Српската тенисерка Нина Стојановиќ настапуваше на Олимписките игри во Токио и заедно со Но…