Дома Останати Ѓоковиќ за критиките: Им требаше големо име да биде виновно за се!

Ѓоковиќ за критиките: Им требаше големо име да биде виновно за се!

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ веќе две недели е мета на напади поради тоа што ги организираше Адрија турнирите во Белград и Задар и на кои се заразија неколку тенисери.

Целиот свет го критикуваше Ѓоковиќ, а после цели две недели српскиот тенисер конечно проговори како се чувствувал.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Во последно време слушам само критики за мене, многу злонамерни. Очигледно е дека постои нешто повеќе во тие критики, како да постои некоја агенда, како да е лов на вештерки. Мора некој да падне, некоја личност, некое големo име да биде виновен за се“, изјави Ѓоковиќ.

Србинот најави дека веројатно ќе ја прескокне американската турнеја и УС-опен.

„Се уште не знам дали ќе играм на УС Опен. Во Вашингтон сигурно нема да настапам, Синсинати е во мојот план, Ќе учествувам на Ролан Гарос, тоа засега е сигурно, а планирам и во Мадрид и во Рим. Новиот начин на бодување на АТП е коректен“, додаде Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ во сериозни проблеми пред осминафиналето на Вимблдон!?

Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ повторно се соочува со здравствени проблеми токму во…