Дома Останати Ѓоковиќ загуби сет, па го прегази противникот на Вимблдон

Ѓоковиќ загуби сет, па го прегази противникот на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ со загубен прв сет го започна Вимбдон, а потоа го прегази младиот Британец, Џек Дрејпер (4:6/6:1/6:2/6:2).

За време на првиот сет, бранителот на трофејот имаше проблеми со привикнување на новата подлога, неколку пати проклиза на тревата и тоа го искористи домашниот тенисер па го освои сетот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Потоа Ѓоковиќ заигра онака како што се очекува, па немаше проблеми со 19-годишниот тенисер, на кого му дозволи само пет гема во следните три сета.

Во второто коло, Ѓоковиќ го очекува подобриот од дуелот Кевин Андерсон и квалификантот Бариос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…