Дома Останати Ѓоковиќ го освои Париз за историска 37 мастерс титула

Ѓоковиќ го освои Париз за историска 37 мастерс титула

Новак Ѓоковиќ уште еднаш докажа дека е најдобар тенисер на светот и го победи Данил Медведев во финалето на Мастерсот во Париз.

Ова за Ѓоковиќ беше одмазда над Медведев за финалето на УС Опен, а воедно стигна и до историската 37 мастерс титула.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Русинот подобро го отвори мечот и го доби првиот сет со 6:4 после 42 минути игра, но потоа Ѓоковиќ се „разбуди“ и заигра многу подобро.

Во вториот сет направи брејк на 3:1, а потоа го осовои рутински со 6:3. Одлучивачкиот сет видовме доминација на Ѓоковиќ каде направи два брејка и дојде до предност од 5:2, а потоа го доби сетот со 6:3.

Ова воедно за големиот ас беше шести триумф во Париз или вкупно 37 Мастер титула со што го остави зад себе Рафаел Надал (36).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Погледнете ја реакцијата на Ѓоковиќ по победничкиот гол на Босна и Херцеговина (Видео)

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, вчера беше во Зеница, каде што го следе…