Дома Останати Тенис Ѓоковиќ го дозна противникот на Австралија Опен: Ќе игра против Хрват

Ѓоковиќ го дозна противникот на Австралија Опен: Ќе игра против Хрват

Oткако завршија квалификациите за Австралија Опен, познато е против кого Новак Ѓоковиќ ќе го започне првиот грен-слем турнир во годината.

Најдобриот светски тенисер за противник ќе го има младиот хрватски тенисер, 18-годишниот Дино Прижмиќ. Прижмиќ преку квалификациите успеа да дојде до Австралија Опен, а во неговата земја го сметаат за голема тениска надеж.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


За Хрватот ова ќе биде прв настап на грен-слем турнир во сениорска конкуренција и секако дека за него е специјално што ќе има прилика да игра против најдобриот.

Ѓоковиќ и Прижмиќ ќе се сретнат во недела наутро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ги дозна противниците во Торино – се падна во група со Алкараз

Одржана беше ждрепката за Завршниот мастерс во Торино, а Новак Ѓоковиќ е сместен во групат…