Манчестер Јунајтед изненадувачки беше поразен од Дерби Каунти во Лига Купот, а после тој натпревар во таборот на „ѓаволите“ владее лоша атмосфера.
Мурињо и Погба не се во добри односи и тоа јасно после ситуација на тренингот утрово.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради таквата ситуација тешко дека во клубот можат да останат и двајцата, еден ќе мора да си замине. Мурињо во овој момент е поблиску и тој фаворит за отказ во Премиер лигата, но се шпекулира и дека клубот одредил цена за Погба.
Погба има уште три години од договорот со Јунајтед, а доколку некој сака да го доведе ќе мора да плати сума од 200 милиони фунти (224 милиони евра). Тоа значи дека доколку некој од клубовите кои покажуваа интерес за Французинот ја плати таа сума, тој ќе стане најплатениот фудбалер на сите времиња.
Францускиот играч за врска во последно време најмногу се поврзуваше со Јувентус, Пари Сен Жермен и Барселона.
Агентот на фудбалерот, Мино Раиола констатно добива прашања како: „Дали Погба ќе замине“, „дали е несреќен во Јунајтед“…Последниот одговор на Раиола гласеше: „Немам коментар“.