ПСЖ веќе со години наназад доминира во француското првенство, а и оваа сезона тешко некој може да и застане на патот кон титулата.
Парижаните во недела ќе имаат тешка задача. Гостуваат на Велодром кај екипата на Марсеј, каде според сите обложувалници се апсолутни фаворити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марсеј дури седум години не успеале да го победат ПСЖ. Од победата со 3:0 на 27. ноември 2011. година, се случија многу работи, а во наредните 15 натпревари кои се одиграни ПСЖ славеше на 13.
Во ноември 2011. година за победата на Марсеј погодија Реми, Амафитано и Аје, а во тој период се случувале следните работи:
- Килијан Мбапе имаше само 12 години
- Нејмар се уште играше за Сантош
- Руди Гарсија (тренерот на Марсеј) го освои првенството со Лил
- Емануел Макрон(претседателот на Франција) беше само банкар
Натпреварот Марсеј – ПСЖ се игра во недела со почеток во 21 часот.