Во сабота во Минхен се игра големото дерби на 28 коло. во Бундеслигата помеѓу Баерн и Дортмунд.
Баварците со добрите игри во последниот период дојдоа само на бод од Борусија Дортмунд и со сигурност не очекува голем спектакл.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нико Ковач веќе одамна се поврзува со отказ од клупата на Баерн, а саботниот натпревар ќе биде голем испит за него, веројатно најважен во досегашната кариера. Предноста на Борусија изнесува два бода и во Баерн веруваат дека со победа можат до лидерската позиција, а подоцна и нова титула.
Се шпекулира дека Ковач секако ќе остане без работа на крајот од сезоната, а Ули Хенес беше јасен пред овој натпревар.
„Не сакам никакви изговори. Мораме да победиме.“ – кажа Хенес и со тоа му постави ултиматум на Ковач.
Свесен за важноста на овој натпревар е и Хасан Салихамиџиќ, спортскиот директор на баварскиот гигант, кој вели дека екипата што поскоро мора да го заборави тешкиот натпревар во Купот, бидејќи во сабота ги очекува важен натпревар.