Реал Мадрид водеше против Манчестер Сити, но на крајот беше поразен со 2:1, па Граѓаните во реваншот ќе имаат поволен резултат.
Кралевите го прокоцкаа натпреварот во само пет минути. Прво Габриел Жесус погоди за израмнување во 78. минута, а пет минути подоцна Де Брујне постигна погодок од пенал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Луѓе, го загубивме натпреварот во пет минути.“ – нервозно изреагираше Рамос кон своите соиграчи откако гостите од Манчестер го постигнаа вториот погодок.
Неколку минути подоцна искусниот стопер го напушти теренот откако заработи директен црвен картон па Кралевите натпреварот го доиграа со играч помалку.
За Рамос ова беше четврти црвен картон во ЛШ. Во овој неславен рекорд ги престигна Златан Ибрахимовиќ и Едгар Давидс.