Бaрселоа загуби со 1:4 од Пари Сен Жермен пред своите гледачи во реваншот од четврт-финалето на Лигата на шампионите. Така, минатонеделната победа во Париз од 3:2 остана непотврдена за тимот на Чави. Работата на францускиот шампион му беше олеснета откако во 29. минута беше исклучен Роналд Араухо.
Стоперот на Барселона доби директен црвен картон откако, според судијата Иштван Ковач, неправилно го запре Бредли Баркола, како последен човек во одбраната.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Откако беше испратен во соблекувалната, Араухо направи гест со раката кој многумина не можеа веднаш да го протолкуваат. Гестот на Уругваецот го истакна и Фабрицио Романо на својот профил на „X“, а неговите следбеници го поставија прашањето за значењето на тој потег.
Некои англиски медиуми донесоа појаснување, а се работи за гест со рака што укажува на кражба.