Дома Фудбал Репрезентации Штотуку седна на клупата на „Црвената Фурија“, изгуби битна алка: Легендата на шпанскиот фудбал се повлекува?!

Штотуку седна на клупата на „Црвената Фурија“, изгуби битна алка: Легендата на шпанскиот фудбал се повлекува?!

Луис Енрике неодамна стана селектор на Шпанија, по елиминацијата на „Фуријата“ во осминафиналната фаза на Мундијалот во Русија.

Не мина многу, а веќе се случи лоша вест по националниот тим – Џерар Пике објави дека повеќе нема да настапува за селекцијата на Шпанија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Разговарав со Луис Енрике и му ја кажав својата одлука дека повеќе нема да настапувам за државниот тим. Беше тоа фантастично време и среќен сум поради тоа што бев дел од големите успеси во репрезентацијата на Шпанија“, истакна 31-годишниот Пике.

Дефанзивецот константно беше на мета на навивачите особено од Мадрид, но ниту тој со своите потези не се трудеше особено да ги смири тензиите.

Најмногу му се замерува што е за независна Каталонија, но мора да се признае дека беше ва
ен дел во освојувањето на Мундијалот во Јужна Африка во 2010. година и ЕП во Швајцарија и Австрија две години подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Епска драма на „Олд Трафорд“ – девет голови и триумф на Јунајтед над Лион со голови во 120. и 121. минута (Видео)

Вечерва Манчестер јунајтед и Лион одиграа натпревар за аналите и фудбалската историја во р…