Дома Останати Штербик размислува за пензија!

Штербик размислува за пензија!

Наредната натпреварувачка сезона 2017/2018 кога му истекува договорот со Вардар, може да биде последна во кариерата за еден од најдобрите ракометни голмани на сите времиња, Арпад Штербик.

Штербик размислува да стави крај на импресивната кариера кога ќе му заврши договорот со македонскиот клуб Вардар во 2018 година, кога ќе има полни 39 години.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Штербик кариерата ја започна во Југовиќ, потоа се пресели во Веспрем каде мина три години, по што се сели во Шпанија каде во периодот од 2004 до 2014 година бранеше за Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и Барселона. Во Вардар пристигна во 2014 година, а Шпанците тогаш пишуваа дека македонскиот шампион на Барселона и платил обесштетување од 800.000 евра.

Во клупската кариера голманот има освоено вкупно дванаесет шампионски и осум Куп титули во Унгарија, Шпанија и Македонија и три во Лигата на шампионите. ИХФ во 2005 година го прогласи за најдобар ракометар во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Од олимпиец до криминалец: Шверцувал дрога и е обвинет за убиства – сега го бара ФБИ!

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) издаде налог за познатиот канадски олимпиец Ра…