Според информациите на „Ел Чирингито“, Нејмар им се доверил на неговите роднини дека ќе го напушти Пари Сен Жермен.
Новинарот, Хозе Педрелои ја шокираше јавноста со информацијата дека Нејмар им се доверил на пријателите, но и некои членови на семејството дека го менува клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој не само што најави враќање во Барселона, туку и тврди дека работата е завршена.
Според неговите информации Нејмар не сака да преговара со Реал и тоа го соопштил на неговиот татко и сега верува дека Барса би го примила назад.
Барселона би требало да плати 220 милиони евра колку што и добија за Нејмар, но сигурно дека Бразилецот би морал да прифати намалување на платата.
Како и да е сето ова треба да се земе со резерва, но не треба да се заборави дека оваа телевизија прва објави за потврдата на трансферот на Роналдо во Јувентус.
El Chiringuito: "Neymar says he will play for Barcelona next season" https://t.co/XPn1ZBi8Z8
— SPORT English (@Sport_EN) November 20, 2018