Дома Фудбал Останато Шпанците конечно открија каде „побегна“ Роналдо

Шпанците конечно открија каде „побегна“ Роналдо

Португалскиот фудбалер, Кристиано Роналдо се наоѓа во центарот на вниманието по честите шпекулации дека ова лето ќе го напушти Реал и ќе потпише за Јувентус.

Пред неколку дена „Марка“ објави дека Роналдо одлучи да го напушти „Кралскиот клуб“ и дека речиси сигурно кариерата ќе ја продолжи во Јувентус. Иако изгледаше дека тоа е само една шпекулација, сепак, стана јасно дека тука нешто навистина се „готви“.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Претседателот на Реал, Флорентино Перез за вторник повика вондреден состанок во клубот, а главна тема ќе биде трансферот на Роналдо. Во Реал сакаа да се појави и Португалецот за да им каже дали сака да си оди, а не дека некој го брка од клубот.

Сепак, Роналдо не можеја да го најдат, бидејќи по испаѓањето на Португалија од Мундијалот конечно можеше малку да се одмори. Шпанските медиуми успеаа да дознаат дека Роналдо со своето семејство отпатувал во Грција, каде што ќе биде неколку дена на заслужен одмор.

Наводно, неговиот агент Хорхе Мендеш ги завршува последните детали околу трансферот во Јувентус и се би требало наскоро да биде завршено. Како што пишува „Марка“, Роналдо започнал да бара куќа во Торино, а наводно „око фрлил“ на куќата во која некогаш живееше Зинедин Зидан кој со многу успех го носеше дресот на „Старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Премиер лигата донесе одлука за барањето на Манчестер Сити и го разочара Гвардиола

Премиер лигата не излезе во пресрет на Манчестер Сити и го одби барањето на овој клуб за о…