Дома Топ вести Шпанците го „убија“ Роналдо: Меси треба да промаши 507 удари за се изедначи со Португалецот!

Шпанците го „убија“ Роналдо: Меси треба да промаши 507 удари за се изедначи со Португалецот!

На Кристиано Роналдо оваа сезона навистина не му оди, од ден во ден се појавуваат нови податоци за тоа колку лоша сезона игра Португалецот.

Португалската ѕвезда оваа сезона постигна само еден погодок, а тоа е негов најлош учинок во една сезона откако пристигна во Мадрид од редовите на Манчестер Јунајтед.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Неговиот голем ривал, Лионел Меси оваа сезона постигна 12 погодоци, а недостижно за Роналдо во овој момент изгледа и напаѓачот на Валенсија, Симоне Заза кој беше стрелец на девет погодоци од стартот од сезоната.

Но, не само што постигнал еден погодок, туку неговиот процент на реализирани удари е навистина поразителен за фудбалер каков што е Роналдо (2.08). Според овој процент Шпанците пресметаа дека Лионел Меси би требало да промаши неверојатни 507 удари за да се изедначи со процентот на Португалецот.

Толку удари веројатно Меси не промашил во својата кариера, а сигурно не во низа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фудбалерот кој трагично загина му оставил милиони на својот тригодишен син

Во јавноста испливаа информации од имотното правење по смртта на многу познатиот фудбалер …