Дома Фудбал Шпански медиуми: Лапорта „збесна“ по мечот со Гранада, фрлаше се околу него

Шпански медиуми: Лапорта „збесна“ по мечот со Гранада, фрлаше се околу него

Лапорта не може да поднесе дека Барселона оваа сезона игра очаен фудбал. Тој силно посакуваше тимот повторно да доминира во неговиот мандат, но за негова жал тоа нема да се случи.

Екипата која од клупата ја води легендарниот Чави Ернандез игра исклучително слабо. Барса прима огромен број голови, а вчера и Гранада однесе бодот дома (3:3).

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Претседателот на клубот Лапорта целосно ги загуби нервите поради новиот неуспех. Целиот гнев го истури во претседателскиот апартман на стадионот.

Лапорта целосно полуде по мечот со Гранада, шутираше чинии и фрлаше се околу него во претседателскиот апартман“, пишуваат каталонските медиуми.

Тоа не е се што се случувало околу претседателот на Барселона. Незадоволните навивачи успеале да дојдат до него и членовите на управата на клубот.

„Неколку луѓе успеаја да дојдат до нив во ВИП ложата. Поради тоа итно мораше да се зголемат безбедносните мерки“, се вели во написите на медиумите.

Да потсетиме, Барса бара нов тренер откако Чави реши да замине по крајот на сезоната.

Кој и да дојде како негова замена, го чека огромна работа во Каталонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бернардо Силва има рок да каже „ДА“ на Јувентус, неговиот сонародник му предлага други опции

Триесет и едногодишниот португалски играч за врска Бернардо Силва полека го завршува својо…