Дома Топ вести ШПАНСКА ДОМИНАЦИЈА: Погледнете ја неверојатната статистика во последните четири години (ФОТО)

ШПАНСКА ДОМИНАЦИЈА: Погледнете ја неверојатната статистика во последните четири години (ФОТО)

Шпанските клубови веќе со години доминираат во европскиот фудбал, меѓутоа ако малку повеќе влеземе во статистиката ќе наидеме на неверојатни податоци.

Сликите говорат повеќе од зборовите, поради тоа направивме мозаик кој најдобро ќе ви покаже каква доминација имаат шпанските клубови во европските натпреварувања.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Од сезоната 2013/14, односно од пролетта 2014. година до денес има 14 европски трофеи во три различни натпреварувања, а шпанските клубови освоија 13! Во август не очекува финалето на Супер Купот во Естонија. И трофејот повторно ќе заврши во Шпанија од едноставна причина што за него ќе се борат Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Во прилог погледнете како по сезона изгледа доминацијата на шпанските клубови и пронајдете го делот од мозаикот кој претставува исклучок. Имено, само Манчестер Јунајтед ја прекина шпанската доминација, освојувајќи ја титулата во Лигата на Европа против Ајакс минатата година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Де Лаурентис ги негираше гласините и рече: Горд сум што до мене стои вистински човек како Конте

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, ги искористи социјалните мрежи за категорич…