Шпанија конечно дојде до златниот медал на Европските првенства. Клучниот играч на „црвената фурија“ е феноменалниот Арпад Штербик. Вардаровиот голман и во финалето блескаше на голот на својата репрезентација, влезе во финишот на првото полувреме и ја отпиша Шведска (29-23).
Шпанија беше во подредена улога во првите 30. минути, имаше негатива од два гола (12-14), но потоа Ривера го направи најдобриот потег. На голот го стави Штербик, кој беше креатор на серијата од 11-2 за водство од 23-16 во 49. минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ваквата фуриозна игра целосно ги збуни Швеѓаните, беа очајни во нападот, а уште послаби во одбраната. На крајот Шпанија сосема заслужено се радуваше на златото.
Соле и Балагер со по пет гола беа најаефикасни кај Шпанија, додека Штербик имаше осум успешни интервенции. Кај Шведска голманот Апелгрен имаше 15 интервенции, додека Нилсен беше прв стрелец со пет гола.