Дома Топ вести Шпанец среде емисија го нарече Винисиус мајмун, реагираше и Реал Мадрид

Шпанец среде емисија го нарече Винисиус мајмун, реагираше и Реал Мадрид

На дел од шпанската фудбалска јавност не и се допаѓа прославувањето на голот на Винисиус Жуниор, кој прославува со карактеристичен танц.

Педро Браво како претседател на асоцијацијата на шпански агент при гостувањето во „Чирингито“ му порача на Винисиус да престане со таквите прослави и да не прави „мајмун од себе“, коментар кој предизвика вистински скандал, па мораше да реагира и Реал Мадрид.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Откако го слушнал зборот „мајмун“, водителот го прекинал неговиот говор и му рекол дека не може така да им се обраќа на луѓето.

Ова предизвика бура од реакции во целата Шпанија, па реагираше и Реал Мадрид со соопштение.

„Реал Мадрид ги осудува сите расистички и ксенофобични испади во светот на фудбалот и спортот, но и во животот воопшто, а особено ги осудуваме коментарите упатени кон нашиот играч Винисиус Јуниор во последните неколку часа. Реал Мадрид сака да ја покаже љубовта што ја има кон Винисиус, фудбалер кој разбира дека единствениот однос кон фудбалот е оној заснован на радост, почит и спортски дух. Фудбалот е најглобален спорт што постои и мора да биде пример кога се во прашање вредностите на соживот. Клубот ги овласти нашите адвокати да покренат правна постапка против секој што ги навредува нашите играчи со расистички испади“, соопшти Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона избегна голем неуспех против Бриж, Манчестер Сити го растури Дортмунд

Манчестер Сити не остави никакви шанси на Борусија Дортмунд и триумфираше со 4:1 на „Етиха…