Англиските медиуми пренесуваат дека Пол Погба донел одлука да го напушти Манчестер Јунајтед и веќе му соопштил на својот менаџер Мино Раиола да му бара нов клуб.
На Погба не му се допаѓа работата со Мурињо, притисокот кој го има на „Олд Трафорд“, но и статусот во тимот кој го имаше последната полусезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, за тоа се прашува Манчестер Јунајтед. Мурињо не сака да го пушти Французинот. Прво, бидејќи е бренд на клубот и носи комерцијални придобивки, а вторно „Специјалниот“ смета дека може да го извлече најдоброто од него.
Погба сака да се врати во редовите на Јувентус, дури е спремен и да ја намали својата плата, но во моментов тој трансфер е тешко остварлив.
Медиумите шпекулираат дека Мурињо го сака Сергеј Милинковиќ-Савиќ и дека е спремен да плати 110 милиони евра за Србинот.
Меѓутоа, и доколку се реализира тој трансфер, сепак тешко е да се поверува дека „црвените ѓаволи“ ќе му дозволат на Погба да замине.