Во прв момент не изгледаше така жестоко, но на крајот заврши трагично.
Голманот Чоирул Худа трагично загина откако во натпреварот на неговиот клуб Персел Лемонган и Семен Пандага се судри со својот соиграч, Рамон Родригез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не изгледаше тоа толку жестоко, но за жал тој удар се покажа како кобен за несреќниот голман кој во Индонезија има статус на легенда.
Худа откако доби удар лежеше на теренот, но изгледаше свесно. Но тогаш изгуби свест и веднаш беше пренесен во болница.
По натпреварот неговиот тренер Перселе Ај Сантосо потврди дека неговиот чувар на мрежата го изгубил животот.
„После натпреварот сите играчи заминаа во болница, но на наша голема жалост ни беше соопштено дека Худа починал. Тоа беше голем удар за нас. Го видовме неговото тело“, изјави тренерот на клубот.
Иначе овој голман имаше 39 години и за неговиот клуб бранеше на повеќе од 500 натпревари
The incident earlier today that causes Indonesian goalkeeper, Choirul Huda to collapse. He later passes away. Tragic https://t.co/s78l9MsyeW pic.twitter.com/tOWzRX9POh
— Aysha Ridzuan (@ayshardzn) October 15, 2017