Поранешниот сопственик на неколку обложувалници во Русија, Михаел Салцман го обвини шпанскиот тенисер Карлос Алкараз за местење натпревари.
Салцман го обвини еден од најдобрите тенисери во светот дека намерно губел гемови на првите два меча на турнирот во Мадрид и тоа против Александар Шевченко и Јан – Ленард Штруф.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Многу луѓе го сакаат т.н обложување во живо. Кога ќе дојде до потенцијално последниот гем на мечот се уплаќаат големи суми бидејќи тоа е последниот облог. Имаме голем турнир на земја во родната Шпанија на Алкараз, цела земја навива за него, се обложува на него. Имајќи ги во предвид коефициентите на тоа дека Алкараз ќе изгуби гем се многу големи и може да се дојде до голема заработка. Практично парите на сите шпански навивачи на Алкараз завршиле во рацете на измамници“, изјави Салцман.
Инаку Салцман испратил допис до раководството на турнирот во Мадрид, потоа во АТП, Тениската федерација на Шпанија како и до Обвинителството на Шпанија.