Попладнево во рамките на ПМФЛ беше одиграно 14 коло од домашниот фудбалски шампионат, а најубедливата победа ја запиша Шкупи против Пелистер (5:0).
Цветаноски беше херој во првиот дел и постигна два гола, Маркоски исто така се запиша во листата на стрелците и на паузата беше 3:0. Во вториот дел погодија Ѓорѓиевски и Чешмеџиев за убедливи 5:0.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Доста возбудливо беше на натпреварот помеѓу Академија Пандев и Тиквеш каде домаќините излегоа како победници после драмата (3:2).
Шкендија со голот на Кривак ја победи Брегалница 1:0, Борец претрпе тежок пораз од Ренова на домашен терен (1:4), а Струга со 1:0 беше подобра од Работнички.
Фото: ФК Шкендија