Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Мартин Шкртел, верува дека неговиот тим има квалитет за пресврт и победа против Вардар во натпреварот од плеј-офот за Лигата на Европа.
Вардар на првиот натпревар во Скопје запиша победа од 2:0, реваншот се игра утре во Турција, а еве што изјави пред утрешниот натпревар фудбалерот Мартин Шкртел.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Посебна мотивација не е потребно да бараме, ние играме за гигант како што е Фенербахче и тоа сосема доволно. Знаеме за што сме способни, се надеваме дека нема да ги повториме грешките од првиот натпревар, сигурно нема да биде лесен натпревар, но ние очекуваме поволен резултат“, истакна фудбалерот кој некогаш ги бранеше боите на големиот Ливерпул.
Натпреварот помеѓу Вардар и Фенербахче се игра утре со почеток во 19:30 часот.