Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија го победи Вардар и дојде на само бод од титулата

Шкендија го победи Вардар и дојде на само бод од титулата

Денес во рамките од 28 коло во македонската прва фудбалска лига се одигра дербито помеѓу Вардар и Шкендија.

Тетовци стигнаа до победа од 2:3 и така сега се на само бод од освојување на титулата во домашното првенство. Овој натпревар беше деби на новиот тренер на црвено-црните Бобан Бабунски.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Предвник на Шкендија во овој натпревар беше Бесарт Ибраими кој на два пати се запиша во листата на стрелци, еден од нив беше прекрасен, од слободен удар.

Ибраими беше стрелец на првиот погодок уште во шестата минута, а изедначи Бојан Колевски во финишот првиот дел.

После само една минута во вторите 45 минути беше досуден пенал за Вардар, а реализатор на најстрогата казна беше Дејан Блажевски. Сепак кратко треаше радоста на вардарци, пет минути подоцна Ибраими со вториот гол изедначи на 2:2.

На триесетина минути до крајот за 2:3 погоди поранешниот фудбалер на Вардар, Висар Муслиу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…