Дома Фудбал Англија Ширер: Њукасл преживуваше, сега можеме да се надеваме

Ширер: Њукасл преживуваше, сега можеме да се надеваме

Легендарниот фудбалер на Њукасл, Алан Ширер со радост ја прими вести дека клубот е сега во рацете на саудискиот принц Мохамед бин Салман.

Веста дека продажбата на Саудијците е одобрена предизвика еуфорија кај навивачите на Њкасл, кои славеа низ градот и пред стадионот, а на прославата им се придружија и легендите на клубот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сега се очекуваат големи инвестиции и изградба на конкурентен тим, а Ширер се надева во добри времиња за клубот.

„Она што го правевме изминативе 14 години беше мал напредок и преживување.Немавме никакви амбиции, преживувавме, не можевме да се бориме за трофеи, а овој град и навивачите заслужуваат повеќе“, истакна Ширер.

„Ја разбирам еуфоријата на навивачите и нивната реакција по оваа вест. И јас се чувствувам исто, ова е специјален ден за нас. Сега повторно можеме да се надеваме на големи нешта“, додаде легендата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Светското клупско првенство е апсурдно, смета директорот на Ла Лига

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, повторно ја нападна ФИФА поради Светското клупско …