Легендарниот Алан Ширер во својата колумна за „Би-Би-Си“ наведе дека Лионел Меси е најголемиот проблем за Пеп Гвардиола и Манчестер Сити.
Tој истакна дека Барселона и Аргентинецот се главните причини поради кои се сомнева во сценарио дека „граѓаните“ можат да ги освојат сите четири трофеи оваа сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ако екипата на Пеп стигне во финалето од Лигата на шампионите, таму јас ја очекувам Барселона и не верувам во победа на англискиот тим. Тоа би било одличен натпревар, но секој тим кој го има Лионел Меси според мене е на некој начин фаворит. Сити секако треба да стигне прво до таму“, пишува Ширер.
Препреката во четвртфиналето за екипата на Гвардиола е Тотенхем и во случај да се пласираат во полуфиналето таму ќе играат против подобриот од натпреварот помеѓу Ајакс и Јувентус.
„Сити го има најтешкиот пат, верувам дека ќе ги освојат трите трофеи во домашното првенство, но Лигата на шампионите за нив е премногу. За да триумфираат на сите четири фронта потребно е сите играчи на Сити да бидат во најдобра форма. За нивна несреќа тоа не изгледа дека ќе се случи бидејќи констатно имаат повредени играчи“.
Во тој контекс го истакна Серхио Агуеро.
„На Сити му недостасува играч од светска класа. Габриел Хесус е добар играч, но тој не е Агуеро кој е најдобар напаѓач во Премиер лигата. Сигурен сум дека ќе игра против Тотенхем во вторник, но ако постои опасност по неговата здравствена состојба тогаш би требало да го поштедат“, заклучи Ширер.