Дома Фудбал Италија Шевченко уште ќе чека на првата тренерска победа во Серија А: Лацио лесно ја доби Џенова 🎥

Шевченко уште ќе чека на првата тренерска победа во Серија А: Лацио лесно ја доби Џенова 🎥

Андреј Шевченко уште ќе чека на прв триумф во Серија А, денес Лацио лесно се справи со Џенова и на „Олимпико“ славеше со 3:1 во рамките од 18. коло во Серија А.

Натпреварот во Рим не донесе којзнае каква игра и многу возбудувања, а Лацио си ги искористи шансите и заслужено дојде до победа. Горан Пандев беше стартер кај Џенова и одигра еден час. Во периодот на теренот Пандев испрати неколку удари кон голот на Лацио. Резултатот беше отворен во 36. минута со голот на Педро.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Останатите три гола беа видени во второто полувреме. Прво Закањи и Ачерби погодуваа во 75. и 81. минута по асистенциите од Луис Алберто, за во 86. минута Мелегони да го постигне единствениот гол за Џенова.

Џенова е претпоследна на табелата со серија од четири порази, додека Лацио е осми со ист број на бодови со Рома и Јувентус кои имаат еден натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…