Дома Фудбал Лига на шампиони Шевченко по две години собрал храброст да го праша Дудек за чудесната одбрана од 2005: По ѓаволите како успеа!? (ВИДЕО)

Шевченко по две години собрал храброст да го праша Дудек за чудесната одбрана од 2005: По ѓаволите како успеа!? (ВИДЕО)

Пред точно 15 години на денешен ден е одиграно најлудото финале во Лигата на шампионите.

Ливерпул стигна до својата петта европска круна и тоа откако после првите 45 минути губеше од Милан со 3:0. Во второто полувреме „црвените“ успеаа да постигнат три гола и да дојдат до 3:3, а потоа на пенали да стигнат до голем триумф.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Еден од хероите на Ливерпул таа вечер беше Јержи Дудек, најмногу се памети неговата одбрана против Шевченко во продолженијата.

Денес Дудек зборуваше за тој момент.

„На Шевченко потребни му беа цели две години да собере храброст и да ме праша. Се сретнавме во Кардиф каде што работевме на заедничката кандидатура на Полска и Украина за ЕП 2012 година. Во кампањата добро се запознавме и ме праша: По ѓаволите Јержи, кажи ми како успеа да го одбраниш тој удар во продолженијата?“.

„Му се насмеав и му одговорив: Другар и ти имаше свои „пет минути“ против Јувентус во 2003 година, моите беа во Инстанбул“.

„Таа одбрана навистина не можам да ја објаснам, тоа се неколку секунди, најважните работи во тој момент се инстиктот, рефлексите и секако среќата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Флик ќе ја „распадне“ Барселона: Јамал би можел да ја напушти Барселона – друг гигант ја следи ситуацијата!?

Голема борба следи за еден од најдобрите млади играчи на сите времиња, Ламин Јамал. Пари С…