Дома Фудбал Останато Швајцарија повеќе не толерира: Шаќири и Џака јавно се извинија

Швајцарија повеќе не толерира: Шаќири и Џака јавно се извинија

sakiri dzaka

Фудбалскиот сојуз на Швајцарсија одлучи да воведе ред и да стави до знаење дека однесувањето на Џака и Шаќири не може да биде толерирано.

Собирот на фудбалската репрезентација на Швајцарија е искористен да комплетниот тим на чело со виновниците за скандлот да се појават на конференцијата за медиуми.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новинарите очекуваа да им се обрати селекторот Владимир Петковиќ и некој од играчите , а во салата пристигна комплетниот тим на чело со селекторот и капитенот.

Швајцарците пренесуваат дека на собирот се обратиле Гранит Џака и Џердан Шаќири, фудбалерите со албански корени кои во натпреварот со Србија на Мундијалот, предизвикаа скандал со контроверзната прослава.

Швајцарскиот сојуз е казнет парично, но беше јасно дека нешто внатре во селекцијата не е како што треба, а тоа се потврди кога Валон Бехрами се повлече од репрезентацијата.

„Би било глупаво да направиме такво нешто. Нема повеќе да се повтори“, изјави Гранит Џака.

„Се извинувам, не сакав да повредам никого“, порача Лихштајнер кој им се придружи на своите соиграчи од репрезентацијата во прославата.

Последен се обрати Џердан Шаќири.

„Се извинувам доколку ги навредив луѓето кои го гледаа натпреварот“, заврши Шаќоро.

Очигледно дека фудбалскито сојуз на Швајцарција превземал мерки и ставил до знаење дека такво нешто во иднина нема да биде дозволено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола: И да испаднеме во петта лига, останувам во Сити

Шпанскиот селектор Пеп Гвардиола потпиша нов двегодишен договор со Манчестер Сити каде ја …