Натпреварот кој веројатно привлекува најголемо внимание во третото коло од групната фаза на Мундијалот се игра и последен, а се среќаваат Србија и Швајцарија.
На Србија потребна и е победа за пласман во следната фаза, додека на Швајцарија и одговореа и реми. Пред овој натпревар се огласи долгогодишниот репрезентативец на Швајцарците, Стефан Лихтшајнер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лихтштајнер смета дека Швајцарија има и подобри фудбалери и подобар селектор од Србија.
„Не се сомневам, Швајцарија е подобра од Србија, има подобар селектор и подобри фудбалери. Натпреварот ќе се решава на психолошки план, а тука ја гледам нашатаљ предност.
Ризично е да одите на реми, но би било лошо да се залетаме од првата минута. Верувам во нашиот селектор, Мурат Јакин, тој е паметен тренер и знае да ја постави играта“, изјави Лихтштајнер.