Дома Фудбал Англија Швајнштајгер: Јунајтед победи, но не играше подобро од Ливерпул

Швајнштајгер: Јунајтед победи, но не играше подобро од Ливерпул

Поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер даде изјава за вчерашниот триумф на Манчестер јунајтед од 2-1 против Ливерпул.

Швајнштајгер во минатото го носеше дресот на Манчестер јунајтед и кажа дека е среќен поради победата, иако не му се допаднала играта.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Навивам за Јунајтед и среќен сум поради победата, но тоа не беше добра игра. Ливерпул одигра подобро и почесто ја контролираше топката, но за среќа не успеа да ги реализира шансите. Јунајтед има вистински пристап, играчите трчаат многу, но сметам дека и навивачите помогнаа за првата победа во сезоната“, вели Швајнштајгер.

Ова беше прва победа за Јунајтед по двата порази во воведните две кола во Премиерлигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Беше фудбалска ѕвезда, денес е бездомник и спие на клупа, започна кампања за помош

Аполинар Паниагва, некогаш фудбалска ѕвезда, денес живее како напуштен бездомник на улицит…