Дома Македонски спорт Чурлинов позираше во дресот на Барнли

Чурлинов позираше во дресот на Барнли

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов и официјално е нов играч на екипата на Барнли.

Англискиот второлигаш постигна согласност со Штутгарт и наводно за пет милиони евра го откупи нашиот офанзивец. Македонецот доаѓа како желба на тренерот Винсент Компани, кој притисна за трансферот да се реализира. Соработката е склучена за наредните четири години.

22-годишникот прикажа одлична форма во подготвителниот период. Тоа му донесе интерес од неколку екипи, а само Барнли беше подготвен да го плати она што го бараше бундеслигашот.

Чурлинов од 2014 година игра надвор од Македонија. Најпрво доби шанса во Ханза Росток, а потоа преку Магдебург стигна до Келн и потоа Штутгарт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Халанд блескаше, Сити го прегази Јунајтед🎥

Манчестер Сити го прегази и посрамоти градскиот ривал Манчестер Јунајтед во дербито на кол…