Дома Останати Чориќ го изненади Федерер и закажа финале со Ѓоковиќ

Чориќ го изненади Федерер и закажа финале со Ѓоковиќ

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ направи големо изненадување на мастерсот во Шангај и во полуфиналето го елиминира фаворизираниот Роџер Федерер.

Чориќ денеска се прикажа во исклучително добро издание и заслужено славеше над Федерер за пласман во финалето каде ќе ги одмери силите со Новак Ѓоковиќ.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Хрватот клучната разлика во двата сета ја направи на идентичен начин, со брејк на отворањето на двата сета, а потоа рутински го одржуваше својот сервис за конечни 6:4, 6:4.

Досега, Ѓоковиќ и Чокиќ играа двапати, и во двата наврата славеше Србинот, оваа година во Монте Карло и минатата во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тренерот потврди – крај на приказната: Познато дали Синер ќе се повлече од Вимблдон

Тенискиот свет остана во шок по информацијата дека Јаник Синер поради повреда го одложи тр…