Дома Трансфер зона ЧИСТКА ВО АРСЕНАЛ: Седум играчи си заминуваат, Емери доведува уште две засилувања!

ЧИСТКА ВО АРСЕНАЛ: Седум играчи си заминуваат, Емери доведува уште две засилувања!

По одличните засилувања, Унаи Емери би можел да ја расчисти соблекувалната на Арсенал.

Имено, Шпанецот планира да продаде седум играчи за да собере пари за уште две засилувања. Голманите, Оспина и Чех се на продажба по доаѓањето на Лена, Колумбиецот би можел да си оди во Бешикташ, a легендарниот чувар на мрежата би можел да се врати во Челзи.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Освен тоа, Начо Монреал има понуда од Билбао која ќе биде прифатена, на продажба се и Мустафи, Велбек, Џенкинсон и заборавенишот Шпанец, Лукас Перез. Потсетуваме дека Мертесакер се повлече и дека Вилшер си замина во Вест Хем.

Ако си оди Монреал, на Колашинац му е потребна конкуренција на позицијата лев бек и тука Арсенал ќе бара засилување како и едно крило. Желба е Дембеле од Барса на позајмица што е малку веројатно, а многумина веруваат дека ќе го купат Сенегалецот, М`Бае Нианг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…