Дома Фудбал Останато Чешки милијардер сака да ја купи Рома!

Чешки милијардер сака да ја купи Рома!

Чешки бизнисмен покажува сериозен интерес да го купи италијанскиот клуб Рома, кој е во сопственост на американскиот бизнисмен Џејмс Палота, пренесуваат италијанските медиуми.

Станува збор за чешкиот милијардер Даниел Кретински чие богатство е провенето на 2,2 милијарди евра.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


43-годишниот Кретински е голем љубител на фудбалот и пред неколку дена испратил понуда од 600 милиони евра за Милан, но истата била одбиена.

Сопственикот на Спарта Прага сега се насочил кон Рома и е спремен да испрати понуда, но претседателот Палота нема намера во моментив да го продава клубот.

„Волчицата“ веќе подолго време се обидува да изгради свој стадион, а доколку тоа се случи во наредните години вредноста на клубот ќе се зголеми повеќекратно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Поранешниот тренер на Ливерпул остана без клуб!

Фудбалскиот стратег од Северна Ирска, Брендан Роџерс (52), го напушти своето место како тр…