Дома Македонски спорт Мак фудбал Четворица од Ренова и двајца од Шкендија позитивни на коронавирусот

Четворица од Ренова и двајца од Шкендија позитивни на коронавирусот

Тестирањата во фудбалските екипи на Ренова и Шкендија не поминаа најдобро. Лабораторијата на Аџибаден Систина потврди четири позитивни случаи во Ренова и два позитивни во Шкендија.

„За жал немаме убава вест. По вчерашните тестирања во двата тетовски клуба ФК Ренова и ФК Шкендија имаме позитивни случаеви на Ковид -19. По повторената анализа во лабораторијата на Аџибаден Систина за жал имаме позитивни случаи. Информацијата ја имавме уште касно синоќа но чекавме повторена анализа. Затоа денешните тренинзи на овие два клуба беа откажани. Имињата на заразените се уредно доставени до ФК Ренова и ФК Шкендија во текот на денот. Позитивните на Ковид 19 веднаш ќе бидат ставени во самоизолација и домашен карантин.“ – инфомираа од Синдикатот за фудбалери.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за продолжување на сезоната, но не се знае што ќе се случи после најновите позитивни случаи во Ренова и Шкендија. Во текот на следните денови ќе се тестираат и останатите екипи од Првата лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…